Преносно значење - категорија

цакне повеќе

цакнат
Вид збор: Глагол, свршен
(преод.) удри, мавне, тресне
Англиски: hit Албански: godas, qëlloj
Примери:
Го цакнал малу момченцето.

цапа повеќе

цапаат
Вид збор: Глагол, несвршен
загазува, прави глупости, греши
Англиски: mess Албански: shkel
Примери:
Се тој цапа.

цапне повеќе

цапнат
Вид збор: Глагол, свршен
згреши
Англиски: err Албански: gaboj
Примери:
Пак јас цапнав.

цар повеќе

мн. цареви
Вид збор: Именка, машки род
Највиден претставник на некоја група, тој што ги надминува сите во некој однос.
Англиски: king Албански: mbret, perandor
Примери:
Цар на животните.

цари повеќе

Види и: царува (несв.)
царат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само во 3 л.) владее
Англиски: rule Албански: sundoj
Примери:
Ноќ пуста цари на нејзин праг.

царски повеќе

царска
Вид збор: Придавка
Што е како кај цар.
Англиски: royal Албански: si mbret
Примери:
царски подарок

царство повеќе

(едн.) царството
Вид збор: Именка, среден род
Некоја област од стварноста.
Англиски: realm Албански: mbretëri, sferë
Примери:
животинско царство
Област во која царува нешто.
Англиски: area Албански: sundim
Примери:
во царството на орлите

царува повеќе

царуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само 3. л.) владее
Англиски: reign Албански: sundon
Примери:
Царува длабока тишина.

цванцик повеќе

мн. цванцици
Вид збор: Именка, машки род
кепец, џуџе
Албански: shkurtabiq
Примери:
Види го каков цванцик.

цвекне повеќе

Види и: цвикне (св.)
цвекнат
Вид збор: Глагол, свршен
(непреод.) Пушти метален звук.
Англиски: ring
Примери:
(нар. поез.) Чевли тропнале, перја цвекнале.

цвет повеќе

мн. цветови
Вид збор: Именка, машки род
Обично членувано - одбрани луѓе од извесно општество, средина; подобриот дел на нешто.
Англиски: blossom Албански: lule
Примери:
Цветот на интелигенцијата.
Најубавото време од животот.
Англиски: blossom Албански: lulëlzim
Примери:
Во цветот на младоста, годините, силите.

цвета повеќе

Види и: цвети (несв.)
цветаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се развива, напредува, е во подем.
Англиски: blossom Албански: lulëzon
Примери:
Економијата цвета.

цвети повеќе

цветат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек - се наоѓа во физички расцут.
Англиски: blossom Албански: zhvillohem
Примери:
Лицето и цветеше како цвеќе в пролет.
Успешно се развива, напредува.
Англиски: blossom Албански: zhvillohet
Примери:
Вашето претпријатие сега цвети.

цветне повеќе

цветнат
Вид збор: Глагол, свршен
разубави, расцвета
Англиски: blossom Албански: lulëzoj
Примери:
Во дните нови животот цветна.

цвеќе повеќе

мн. цвеќиња
Вид збор: Именка, среден род
(само едн.) Нешто споредбено убаво.
Англиски: beauty Албански: si lule
Примери:
Сега таа му се виде цвеќе.

цвикне повеќе

цвикнат
Вид збор: Глагол, свршен
(непреод.) Се слушне метален звук.
Англиски: ring
Примери:
Герданот цвикна.

цвили повеќе

цвилат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек - жали, тагува.
Англиски: moan Албански: vajtoj
Примери:
Јунак ми цвили во гора.

цвркоти повеќе

цвркотат
Вид збор: Глагол, несвршен
се радува
Англиски: cheep Албански: gëzohem
Примери:
Цвркоти срце во Ленкина град.

цврст повеќе

цврсти
Вид збор: Придавка
непоколеблив
Англиски: strong Албански: i palëkundshëm
Примери:
цврста волја
Кој не попушта.
Англиски: unyielding Албански: i palëkundshëm
Примери:
цврста рака

цеди повеќе

цедат
Вид збор: Глагол, несвршен
Подложува на строгост, на строг избор.
Англиски: squeeze Албански: shtrydh
Примери:
Професорот многу ги цедеше кандидатите.
Зборува низ заби.
Примери:
Одвај ги цеди зборовите.

цезура повеќе

мн. цезури
Вид збор: Именка, женски род
радикален пресек, одлучен момент
Англиски: turning point Албански: pikë kthese
Примери:
Илинденското востание беше цезура во историјата на македонскиот народ.

цементира повеќе

Види и: цемент (м.)
цементираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
сврзува, сплотува
Англиски: bond Албански: lidh, cementoj
Примери:
нашето братство е цементирано со крвта на најдобрите синови.

цена повеќе

мн. цени
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Вредност, достоинство на нешто.
Англиски: value Албански: vlerë
Примери:
Тие беа решени и животот немаше никаква цена за нив.

ценет повеќе

ценети
Вид збор: Придавка
Кој се одликува со своите квалитети.
Англиски: esteemed Албански: i respektuar, i çmuar
Примери:
Ценетиот професор.
Кој е многу важен, корисен; кој има големо значење.
Англиски: valuable Албански: i vlershëm, i çmuar
Примери:
Ценета соработка.

ценкање повеќе

мн. ценкања
Вид збор: Именка, среден род
ситничарење
Англиски: haggle Албански: bëj pazar, pazaritem

цепеница повеќе

мн. цепеници
Вид збор: Именка, женски род
Глупаво, неизделкано суштество.
Англиски: oaf Албански: i shëmtuar
Примери:
Цепеница беше и цепеница си остана.
високо, несмасно суштество
Албански: i lartë
Примери:
Види го колкава цепеница.

цепи повеќе

цепат
Вид збор: Глагол, несвршен
За звук - го реже воздухот.
Англиски: split Албански: latoj
Примери:
Револверски истрели одвреме-навреме ја цепеа ноќта.
Разединува, руши единство на организација, партија и сл.
Англиски: split Албански: prish
Примери:
Несогласиците ја цепеа партијата.

цепка повеќе

Види и: цепи (несв.)
цепкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се цепка) се дели
Англиски: split Албански: ndahet
Примери:
Само се цепкаме на групи.

церемонијален повеќе

Види и: церемонија (ж.)
церемонијална
Вид збор: Придавка
Претерано учтив, кој се држи строго до церемониите.
Англиски: ceremonial
Примери:
Тој беше многу церемонијален во своите односи со луѓето.

цикне повеќе

цикнат
Вид збор: Глагол, свршен
викне, писне, ревне
Англиски: scream, shriek Албански: piskat, klith
Примери:
Цикна преплашено жената.

цинизам повеќе

цинизмот
Вид збор: Именка, машки род
Презрив однос кон моралот и кон секоја општествена норма.
Англиски: cynism Албански: cinizëm

цинкуван повеќе

цинкувани
Вид збор: Придавка
лажиран, маркиран
Примери:
Цинкувани карти.

цинцар повеќе

мн. цинцари
Вид збор: Именка, машки род
скржавец
Англиски: miser Албански: cincar, koprrac

циркус повеќе

мн. циркуси
Вид збор: Именка, машки род
Забавна глетка; непристојна викотница.
Англиски: show Албански: çrregullim
Примери:
Каков циркус е ова?

циркусант повеќе

мн. циркусанти
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се држи како циркуски артист.
Албански: cirkuzant

цица повеќе

цицаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Нечесно користи туѓ труд.
Англиски: exploit Албански: shfrytëzoj
Примери:
Разни аги и бегови го цицаа народот.

цицка повеќе

мн. цицки
Вид збор: Именка, женски род
млеко, дојка
Англиски: breast Албански: sisë, gji
Примери:
Мајчината цицка ја проколнуваше во тој момент.

цокле повеќе

мн. цоклиња
Вид збор: Именка, среден род
Долен дел од плакар или шкаф што овозможува подобра стабилност.
Англиски: base Германски: Sockel

црв повеќе

мн. црви
Вид збор: Именка, машки род
Ништожен, понизен човек; слабо суштество, дете.
Англиски: weakling Албански: ngordhalaq
Примери:
Тој не беше човек, а обичен црв.
Во состав со некои зборови што означуваат некое чувство, состојба.
Англиски: doubt Албански: dyshim
Примери:
Црв на сомневањето почна да го гризе.

црвен повеќе

црвени
Вид збор: Придавка
Што се раководи од идеите на комунизмот.
Англиски: communist
Примери:
Црвена република.

цркне повеќе

цркнат
Вид збор: Глагол, свршен
пукне, умре
Англиски: die Албански: mbytet
Примери:
Цркна додека не ја исполни задачата.

црн повеќе

црни
Вид збор: Придавка
Кој е лишен од радост, тажен.
Англиски: sad Албански: i pikëlluar
Примери:
Црни мисли му се вртеа во главата.
Кој е во лоша положба.
Англиски: unfortunate Албански: i gjorë
Примери:
Остана црна вдовица.
негативен, лош
Англиски: bad Албански: i keq
Примери:
Го опишува животот со црни бои.
омразен, одвратен, непријатен
Англиски: disgusting Албански: i pakëndshëm
Примери:
По тој настан не можам веќе да го гледам, црн ми е пред очиве.

црнее повеќе

црнеат
Вид збор: Глагол, несвршен
тагува
Англиски: grieve Албански: brengos
Примери:
Само јас со дечињава ќе црнеам по тебе.

црнец повеќе

мн. црнци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што врши тешка работа.
Англиски: slave Албански: zezak, skllav

црни повеќе

црнат
Вид збор: Глагол, несвршен
За животот, младоста - ги чини несреќни.
Албански: nxij
Примери:
Сама си го црнеше животот.

црнило повеќе

мн. црнила
Вид збор: Именка, среден род
несреќен живот
Албански: jetë e zezë
Примери:
За Македонците се создадени сите црнила на овој век.

црно повеќе

Вид збор: Прилог
нерадосно, тажно
Англиски: black
Примери:
Ти гледаш многу црно на животот.

црно повеќе

Види и: црн (прид.)
(едн.) црното
Вид збор: Именка, среден род
Илегална, незаконска постапка.
Англиски: illegal Албански: ilegal, në të zezë
Примери:
Автомобилот го купив на црно.

црнотија повеќе

мн. црнотии
Вид збор: Именка, женски род
Несреќен живот, страдање.
Албански: pa fat
Примери:
Не си болна од болест, туку од твојата црнотија.

црпи повеќе

црпат
Вид збор: Глагол, несвршен
Извлекува, зема нешто од некаде.
Англиски: draw Албански: tërheq
Примери:
Од многу книги ги црпеше податоците за својата студија.
добива, зема, стекнува
Англиски: draw Албански: nxjerr
Примери:
Оттаму црпеше нови сили.

црпка повеќе

мн. црпки
Вид збор: Именка, женски род
тиква, глава
Англиски: gourd Албански: kokë kungull
Примери:
Само јас десетпати му ја полнев црпката и ништо.

црта повеќе

цртаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Опишува со зборови; мислено претставува.
Англиски: paint Албански: vizatoj
Примери:
Во мислите си го црташе своето село и татковата куќа во него.

црта повеќе

мн. црти
Вид збор: Именка, женски род
признак, особеност на нешто
Англиски: characteristic Албански: karakterstik
Примери:
Укажа на некои негативни црти на неговиот карактер.

цртање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Опишување со зборови; мислено претставување.
Англиски: featuring Албански: shfaq
Примери:
Цртање на подробности.

цунами повеќе

Вид збор: Именка, среден род
потоп
Англиски: tsunami Албански: cunami, vërshim
Примери:
Во такво економско невреме, а некаде и цунами, разбирлива е претпазливоста на странските компании.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш